Дабл-дабл на Дончиќ, Словенецот е најефикасен дебитант во НБА!

Лука Дончиќ одигра уште една блескава партија за Далас и потврди дека е најдобриот дебитант во НБА лигата. Во победата на Далас против Атланта (114-107), Дончиќ постигна 24 поени дополнети со 10 скока, шест асистенции и по една украдена топка и блокада.

Покрај Харисон Барнс кој реализира 25 поени и Деандре Џордан со 11 поени и 11 скока, младиот Словенец беше најзаслужен за 11.последователна победа на Далас на домашен терен.

На Лука Дончиќ ова му е втор натпревар во НБА лигата со дабл-дабл постигнување. До оваа бројка Словенецот стигна во поголем дел со прецизните слободни фрлања каде имаше реализација 12/15, а од игра постигна 5/14.

Она што е импозантно е дека Лука Динчиќ за победата на својот тим веќе 13.пат од почетокот на сезоната постигнува најмалку 20 поени. По тоа е далеку најдобар од сите дебитанти, бидејќи ниекој од осумте кошаркари на кои ова им е прва сезона во НБА лигата не успеал да ја достигне оваа бројка повеќе од осум пати.

Се вчитува...