„Дабл-дабл“ на Дончиќ за водство од 2-1 на Далас против Оклахома, Бостон го врати „брејкот“

Далас успеа да поведе со 2-1 во полуфиналната серија против Оклахома во Западната конференција откако славеше со 105-101 во третиот меѓусебен натпревар.

До победа Маверикс ги предводеше Лука Дончиќ. И покрај тоа што словенечкиот кошаркар беше неизвесен за настап со 22 поени, 15 скокови и 5 асистенции беше лидер на својот тим, додека на спротивната страна се истакна Гилџус-Александер со 31 поен, 10 скокови и 6 асистенции.

Бостон одново го превзема водството во серијата со Кливленд откако славеше со 93-106 и го врати „брејкот“ на гостински терен. До триумф Селтикс го предводеше Тејтум со 33 поени, 13 скокови и 6 асистенции, додека 33 поени на спротивната страна додека и Мичел.

Се вчитува...