„Дабл-дабл“ на Јокиќ во победата на Србија на контролата против Чешка

Српската репрезентација ја победи Чешка со 90-76 во подготвителниот натпревар одигран во салата „Александар Николиќ“ во Белград.

Најефикасен играч во домашниот тим беше Никола Јовиќ, кој постигна 20 поени, со пет скока и три асистенции. Никола Јокиќ постигна 16 поени со 14 скока и осум успешни додавања, додека Дејан Давидовац додаде 14 поени.

На другата страна, Вит Крејчи беше најефикасен со 16 поени, надополнети со четири асистенции.

Се вчитува...