Дајте го Левски – сакаме финале… (ФОТО)

ЕКИПА во Самоков,

Стеван Цаневски, Роберт Спасовски

Максимално мотивирани кошаркарите на Блокотехна го дочекуваат денешниот дуел против Левски во полуфиналето од БИБЛ-лигата, на фајналфор турнирот што се игра во Самоков, Бугарија.

Македонскиот претставник во својата дебитантска сезона бележи одлични резултати, но тренерот Илиевски и неговите избраници не сакаат да застанат овде, туку најавуваат уште подобри игри во самиот финиш од сезоната.

Атмосферата во тимот е одлична, расположението на највисоко ниво, па иако Левски е фаворит на хартија, во Блокотехна се оптимист дека бугарскиот „дрим-тим“ може да падне по вторпат годинава, откако во Гевгелија го декласираа истиот ривал со 74-63.

Се вчитува...