Дакар 2020: Доминација на Мини, Алонсо единаесетти

Литванецот Ваидотас Жала од Мини направи големо изненадување, откако славеше на првата етапа на годинашното издание на релито Дакар. Етапата се возеше во Саудиска Арабија од Џеда до Ал-Важ, што е прв пат славното рели да се вози во земјата од блискиот исток.

Актуелниот шампион Насер Ал Атија со својата Тојота, водеше во текот на целата етапа, но сепак на крајот му се случи дефект поради кој мораше да се задоволи само со четвртото место. Втората позиција му припадна на „мистер Дакар“, Стефан Петерхансел кој доцнеше 2:14 минути зад времето на победникот, додека третопласиран беше Карлос Сајнц и двајцата во Мини.

Легендарниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо во својот прв настап на Дакар, заврши како единаесетти.

Следната етапа се вози во понеделник на брегот на Црвеното море, а ќе биде во должина од 367 километри.

Се вчитува...