ДАКАР: Ал Атијах победи на 11. етапа, Петерхансел останува водечки

Насер Ал Атијах на Тојота е победник на единаесеттата етапа на релито Дакар, која се возеше од Ал Ула до Јанбу. Етапата во должина од 598 километри од кои 464 километри специјал, Катарецот ја помина за време од 4:34:24 часа, што беше за 1:56 минута побрзо од второпласираниот Стефан Петерхансел на Мини. Третото место му припадна на Карлос Сајнц на Мини. Во генералниот пласман Петерхансел останува прв со предност од 15:05 пред второпласираниот Насер Ал Атијах, додека Карлос Сајнц е трет.

Во конкуренција на мотоциклисти на 11. етапа триумфираше Сем Сандерленд на КТМ, пред Пабло Квинтанилја и Кевин Бенавидес. Во генералниот пласман Бенавидес има предност од четири минути пред Сем Сандерленд, додека на третото место е Рики Брабек.

Утре на програмата е последната 12. етапа која е со должина од 452 километри од кои 225 специјал, а ќе се вози од Јанбу до Џеда.

Се вчитува...