ДАКАР: Ал Атијах победи на осмата етапа и му се доближи на Петерхансел

Насер Ал Атијах на Тојота триумфираше на осмата етапа на релито Дакар кое се возеше од Сакака до Неом. Етапата во должина од 709 километри од кои 375 специја Ал Атијах ја помина за време од 2:56:56 часа што беше за 52 секунди од второпласираниот Карлос Сајнц на Мини. Третото место му припадна на Стефан Петерхансел кој на крајот заврши со 3:03 минути зад победникот. Со триумфот Насер Ал Атијах му се доближи на првопласираниот Петерхансел на 4:50 минути, додека третопласиран е Карлос Сајнц со 38:55 задоцнување зад лидерот.

Во конкуренција на мотоциклисти Хозе Игнасио Корнехо Флоримо на Хонда повторно беше најдобар пред Тоби Прајс на КТМ и Рики Брабек на Хонда. Во генералниот пласман сега Корнехо Флоримо има предност од 1:06 минута пред Тоби Прајс, додека на третата позиција е Сем Сандерленд со повеќе од пет минути задоцнување.

Утре на програмата е деветтата етапа која ќе се вози во Неом, а е со должина од 579 километри.

Се вчитува...