ДАКАР: Ал Атијах продолжува со победите, Петерхансел не го дава врвот

Насер Ал Атијах на Тојота стигна до третата победа по ред на релито Дакар. На 4. етапа со должина од 813 километри која се возеше од Вади Ад-Давасир до Ријад, Катарецот ја помина за време од 2:35:59 што беше за само 11 секунди подобро од второпласираниот Стефан Петерхансел на Мини. Третото место му припадна на Хенк Латеган на Тојота кој доцнеше 1:30 минута зад времето на победникот.

Во генералниот пласман Петерхансел го задржа водството со 4:58 минути пред Ал Атијах и огромни 36 минути пред Карлос Сајнц. Утре на програмата е петтата етапа во должина од 662 километри која ќе се вози од Ријад до Ал Касимух.

Кај мотоциклистите триумфираше Жоан Бареда Борт, пред Даниел Сандерс и Лучијано Бенаведес. Во генералниот пласман Ксавиер де Солтре го презема водството пред Жоан Бареда Борт, додека третопласиран е Рос Бранч.

Се вчитува...