Релито Дакар со нова жртва, почина француски мотоциклист

Францускиот мотоциклист Пјер Шерпин, кој претрпе сериозни повреди на главата по падот во седмата етапа на релито Дакар 2021 година, почина пет дена подоцна при трансфер во Франција, објави организаторот на релито.

Оваа вест ја шокираше спортската јавност, па преку социјалните мрежи, од Шерпин се опростија и неговите колеги, кои се неверување ја примија лошата вест за неговата смрт.

„За време на транспортот со авион, Шерпин (52) не успеа да ги преживее тешките повреди здобиени при пад во седмата етапа од Хаил до Сакака на 10 јануари“, се вели во соопштението на организаторите.

Шерпин, кому ова му беше четврто појавување на релито, беше опериран на главата по падот во Саудиска Арабија и оттогаш беше во индуцирана кома.

Се вчитува...