Со пресврт во последната четвртина, Атланта направи подвиг и славеше со 111-107 во пресметката со Далас кој беше без Лука Дончиќ и без Кристапс Порзингис. Џон Колинс и Том Хардвеј Џуниор се надигруваа во текот на целиот меч, но на крајот Атланта излезе како победник, а Колинс со 35 поени, два повеќе од лидерот на Далас. Со скор од 33-22, Далас падна на седмата позиција во Западната конференција, Атланта пак ја запиша само 17-та победа сезонава, има и 41 пораз и е претпоследна на Исток.
Во западното дерби, Хјустон беше подобар од Јута со 120-110 во пресметката која е значајна за четвртото место во конфернецијата кое пак овозможува подобра позиција во плеј-офот. Џејмс Харден како и вообичаено беше лидер на Хјустон, постигна 38 поени, имаше и седум асистенции и пет скока. Вестбрук постигна четири поени помалку. Донован Мичел со 31 поен беше прв стрелец кај Јута. Двете екипи имаат скор од 36-20 и се на четвртата и на петтата позиција на Запад.
Најдобриот тим во лигата, лидерот на Источната конференција, Милвоки забележа нова победа, славеше над Филаделфија со 119-98 во средба во која доминираше во речиси целиот тек, а Филаделфија успеа да ја добие минимално само втората четвртина. Јанис Адетокумпо со 31 поени повторно беше лидер на листата стрелци. Милвоки има вкупен скор од 48 -7.
На отврањето на вечерта, Сакраменто со 112-103 славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс во калифорниското дерби. Кент Баземор со 23 поени беше прв стрелец кај Сакраменто, Богдан Богдановиќ и Деарон Фокс постигнаа по 20 поени. Кај „клиперс“, Каваи Ленард постигна највисоки 31 поени, Лу Вилијамс натпреварот го заврши со 24 поени. Лос Анџелес Клиперс врзаа три последовни проази, имаат биланс 37-19 и се на третото место на Запад, Сакраменто пак има две победи по ред и скор од 23-33 што е доволно само за 12. место во конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА