Далас го повлече бројот „24“, иницијатива сите НБА клубови да донесат иста одлука

Во Далас веќе никој, никогаш нема да го носи број „24“. Ова беше првичната реакција на НБА клубот по информацијата за смртта на Коби Брајант. Одлуката ја потврди сопственикот на Далас, Марк Кубан. По овој пат веројатно ќе тргнат и други НБА франшизи.

На социјалните мрежи се појавија инцијативи, сите клубови да го повлечат бројот „24“. Повлекувањето на бројот кој го носеше легендата треба да биде почит кон се она што Брајант беше и се она што и го остави како наследство на Лигата и на кошарката воопшто.

 

 

 

 

Се вчитува...