Далас го „затвори“ Маршал за 52 милиони долари

Наџиб Маршал потпиша нов договор со Далас Маверикс вреден 52 милиони долари.

Крилниот напаѓач на Далас Маверикс, Наџи Маршал, потпиша нов тригодишен договор со тимот од Тексас, по што ќе си добие и плата од 52 милиони долари.

Поранешниот студент на Ксавиер пристигна во Далас од Њу Орлеанс во 2024 година и оттогаш е важна алка на овој тим.

Со овој договор, Маверикс го „заклучија“ Маршал до јуни 2030 година и неговата плата е целосно загарантирана, па сега можат да се фокусираат на останатите кошаркари во тимот.

Во сезоната зад нас, Маршал имаше 15,2 поени по натпревар со 4,7 скока и 3,3 асистенции. Тој одигра 74 натпревари за Далас во сезоната 2025/26.

Се вчитува...