Далас и без Дончиќ триумфираше над Клиперс, Паркер стана 18. најдобар асистент во НБА историјата (ВИДЕО)

И без повреениот Лука Дончиќ кој го пропушти првиот дуел сезонава, Далас триумфраше над фаворитот Лос Анџелес Клиперс со 114-110 и му го нанесе само вториот пораз во последните 11 натпревари. По овој исход Клиперс ја загубија лидерската позиција во Западната конференција. Денвер е сега пред нив, со идентичен биланс од 15-7.

Во неизвесниот натпревар, ниту една од екипите немаше повеќе од девет поени предност, а решавачка за тирумфот беше серијата на Далас во завршните 35 секунди. Далас комплетно ги натскока Клиперс (64-44), а со 30 поени лидер во победата беше Харисон Барнс. Резервистот Џеј Џеј Бареа постигна 24 поени.

Суперѕвездата на Мајами Двеј Вејд кој ја игра последната НВА сезона го предводеше тимот од Флорида до тесна победа од 102-100 во дуелот од Јута. Вејд постигна 15 поени, имаше и три скока и осум асисетнции. Вејд постигна седум од последните 10 поени на Мајами вклучувајќи ги и слободните фрлања на 3.2 секунди пред крајот. За Мајами ова е втора победа во серија и натаму има негативен биланс од 9/13 и е на деветтата позиција во Источната конференција.

Сан Антонио по два последовни порази забележа победа на домашен терен од 131-118 над Портланд. Демар Дерозен со 36 поени и Ламаркус Олдриџ со 29 поени беа клучни за успехот на „Спарс“. За Портланд ова беше втор последовен пораз.

Њу Ореланс забележа гостинска победа кај Шарлот од 119-109. Ол-стар ѕвездата на „Пеликанс“, Ентони Дејвис средбата ја заврши со 36 поени. Тони Паркер не можеше да направи многу за да спречи пораз на неговиот тим, но забележа пет асистенции и со тоа се проби на 18. мето на вечната листа најдобри додавачи.

 

 

 

Се вчитува...