Далас и Дончиќ го освојуваат Западот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас кој врза две последовни победи триумфирајки во пресметката со Портланд со 111-102. Со овој успех Далас дојде до биланс од 12 победи и 10 порази и му го презеде на Портланд (13/11) седмото место на табелата во Западната конференција. Дончиќ беше најефикасен кај Далас со 21 поен, Весли Метјус постигна 17. Кај Портланд Демијан Лилард уфрли 33 поени.

Во локалното дерби на Флорида, Орландо го победи Мајами со 105-90. Арон Гордон со 20 и Никола Вучевиќ со 19 поени беа лидери во победата. Џастис Винслоу беше прв стрелец кај Мајами со 14 поени, Двеј Вејд застанана 11 поени.

Поранешниот шампион, Сан Антонио никако не може да фати вистински ритам сезонава. Го забележа 13. пораз откако загуби убедливо на гостувањето кај Јута со 139-105. „Џезерите“ славеа благодарение на одличниот шут за тројка, погодија 20 од 33 обиди.

Сакраменто немаше проблеми на гостувањето кај Феникс. Славеше со 122-105 во натпреварот во кој Бади Хилд со 20 поени беше најефикасен во тимот од Калифорнија. Победа на домашен терен оствари Индијана против Чикаго со 96-90.

Се вчитува...