Далас на победа од „метла“: Минесота нема решение за дуото Дончиќ – Ирвинг

Далас Маверикс предводен од словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е на победа од пласман во големото финале во НБА лигата откако го доби и третиот натпревар против Минесота. По двата триумфа гостински терен тимот од Тексас славеше и во „Американ Ерлајнс“ центарот со 116-107.

Лидер на Далас одново беше Лука Дончиќ кој постигна 33 поени, 7 скокови и 5 асистенции, а него го следеше Ирвинг со 33 поени и 4 асистенции. Ентони Едвардс беше блиску до трипл-дабл учиник завршувајќи го натпреварот со 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции.

Се вчитува...