Далас носи прв пик од драфтот како помош за Дончиќ

Далас маверикс имаше разочарувачка сезона не успевајќи да стигне ниту до плејофот, доволна причина за сопственикот Марк Кјубан да работи на дополнително засилување на играчкиот ростер во тимот. Приоритет за Далас ќе биде задржување на Кајри Ирвинг како партнер на Лука Дончиќ, но исто така и ангажман на Деандре Дејтон како големо засилување за центарската позиција.

Ирвинг летово ќе стане слободен играч, но барем засега не постојат најави дека некој друг тим може да му понуди пoдобри услови од Далас. Информациите од САД велат дека Кјубан е подготвен да му даде на маса договор на најмалку три години, што би загарантирало дека Ирвинг нема да мора наскоро да ги менува повторно клупските бои, ако се знае дека останатите заинтересирани клубови најчесто му нудат само едногодишни договори.

Што се однесува до Деандре Ејтон, станува збор за играч кој беше избран како прв пик на драфтот во 2018 година. Бројките на одличниот центар паднаа откако Дурант пристигна во Феникс, па „сонцата“ сега се подготвени за трејд доколку добијат интересна понуда за овој кошаркар. Далас веќе ги понудил Тим Хардавеј џуниор, Ришон Холмс и Џавејл Мекги и преговорите се во тек, но кошаркарските аналитичари од САД тврдат дека се големи шансите Ејтон летово да му се приклучи на Лука Дончиќ во таборот на маверикс.

Се вчитува...