Далас прави силен тим – од Бостон пристигна Грент Вилијамс

Разочарувачката сезона на Далас маверикс само ја зголеми мотивацијата кај челниците на клубот да состават моќен тим околу Лука Дончиќ со кој би се вмешале и во битката за титула во наредните години.

Првиот чекор беше направен со новиот договор со Кајри Ирвинг, потоа беше ангажиран и Данте Егзум од Партизан, а Далас синоќа успеа да го договори и доаѓањето на Грент Вилијамс. Станува збор за крилен кошаркар кој доаѓа од Бостон, откако потпиша четиригодишен договор вреден 49 милиони долари и веднаш потоа беше испратен во Далас, во тројната размена во која учествуваше и Сан Антонио.

Како дел од размената, Далас го испрати Реџи Булок во Сан Антонио, додека Бостон си отвори простор во селари-капот, добивајќи избори во втората рунда на драфтот во 2024, 2025 и во 2028 година.

Се вчитува...