Далас со една „ѕверска“ четвртина ја реши Филаделфија

Далас ги искористи проблемите со ростерот на Филаделфија и со една извонредна четвртина го скрши отпорот на гостите, за победа од убедливи 122-102. Гостите допатуваа во Далас без Ембид и Батлер, а отсуството на овие двајца стартери беше максимално искористено од страна на домашниот тим, кој одлично се снајде без Лука Дончиќ. Пресудна се покажа втората четвртина што Далас ја доби со 41-18, па потоа рутински ја одржуваше предноста до самиот крај. Џастин Џексон со 24 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Редик постигна 26 поени за Филаделфија.

Милвоки останува со најдобар скор во лигата откако овој тим славеше на гостувањењто против Бруклин со 121-131. Бакс поведе со 20-35 во фуриозната прва четвртина, кошаркарите на Бруклин се вратија во мечот, но гостинскиот тим со ефикасно издание во последните 12 минути (постигна 40 поени) си ја осигура победата.

Бледсо со 29 пеони беше прв стрелец на Милвоки, додека Адетокумбо оствари дабл-дабл од 28 поени и 11 скокови.

Резултати НБА:

Индијана – Детроит 111-102, Бостон – Мајами 110-105, Бруклин – Милвоки 121-131, Њујорк – Чикаго 113-105, Торонто – Орландо 121-109, Минесота – Портланд 122-132, Далас – Филаделфија 122-102, Јута – Шарлот 111-102, Феникс – Кливленд 122-113.

Се вчитува...