Дали е нормален? Ја „предизвика судбината“ шетајќи низ Наполи во дрес на Игуаин…

Наполи и Јувентус вечерва играат натпревар од полуфиналето во Купот на Италија. Па, токму како еден вид најава членовите на порталот „Спацио Наполи“, се одлучија малку да ја „предизвикаат судбината“ па својот новинар, во дрес на Јувентус и тоа со Игуаин на грбот, го натераа да се прошета низ центарот на Наполи…

Многубројни минувачи беа шокирани од глетката, секако имаше и закани, а не успеваше да добие било каква услуга од рестораните и баровите каде се обидуваше да влезе… Овој експеримент дефинитивно покажа дека Игуаин во Наполи никој не го поднесува откако го напушти клубот, а може да само да се претпостави како ќе биде пречекан на реваншот од полуфиналето во Купот на Италија.

Се вчитува...