Дали е ова најслабата стартна петорка во историјата на НБА?

На 2 ноември 2018 година тимот на Голден Стејт вориорс излезе на терен со Стеф Кари, Клеј Томпсон, Кевин Дурант, Дрејмонд Грин и Демијан Џонс. Една година подоцна, на 2 ноември 2019, „воините“ го стартуваа дуелот со Шарлот со петмина „анонимуси“: Џордан Пули, Ерик Паскал, Кај Боумен, Глен Робинсон III и Вили Коли Стајн.

Поразот беше неизбежен, а американските новинари едногласно ја прогласија оваа петорка – најслаба во историјата на НБА-лига. Воедно, тие ги предизвикаа своите читатели да наведат која петорка била послаба од оваа на Голден Стејт, доколку воопшто постои таква.

Јасно е, одлуката на Стив Кер е принудна, откако тимот му беше „масакриран“ од повреди во последниот период. Клеј Томпсон најверојатно ќе ја пропушти целата сезона, Кари е „во аут“ до февруари, а Дрејмонд Грин поради повреда на прстот исто така мора да паузира. Згора на тоа, и Д’Анџело Расел го повреди скочниот зглоб, па не можеше да настапи со Шарлот.

Полошо од ова дефинитивно не може да биде за Голден Стејт…

Се вчитува...