Дали е ова службен пораз: Баерн играше со 12 фудбалери против Фрајбург!

Баерн Минхен со фуриозно второ полувреме го совлада Фрајбург со 1-4, но баварскиот гигант многу лесно може да остане без бодовите од овој меч откако беше обелоденето дека краток дел од мечот настапил со 12 фудбалери на теренот.

Контроверзна е замената Сабицер за Коман, при што францускиот крилен офанзивец не забележал дека е заменет, па останал на теренот.

Играта продолжи, па откако ВАР-арбитрите ја посочија грешка следеше прекин од шест минути, Коман го напушти теренот, а мечот продолжи со „мртва топка“.

Тренерот Нагелсман вината ја посочи кон четвртиот судија, кој при замената покажал број 29, каков што Баерн нема во својот ростер, па Коман воопшто не знаел дека тој е играчот што треба да излезе.

Останува да се види реакцијата на официјалните лица, за очекување е Фрајбург да поднесе жалба, па потоа ќе се види каква санкција ќе му биде искажана на актуелниот првак на Германија.

Се вчитува...