Елиминацијата на Денвер од страна на Оклахома во полуфиналето од Западната конференција го отвори прашањето за можно заминување на ѕвездата на тимот од Колорадо, Никола Јокиќ.
Со оглед на тоа што Денвер не е толку „загреан“ за нови засилувања за нов атак на трофејот во НБА лигата, како и отказот на долгогодишниот тренер Малоун оваа опција не се исклучува, но неговиот партнер во дуото, Џамал Мареј верува тоа нема да се случи.
„Сто отсто останува. Само потфрливме денеска. Ќе се вратиме во тренинг центарот и ќе бидеме подготвени за следната сезона“, изјави Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА