Дали прерано замина во пензија? Чаби ја зема топката на тренинг на Леверкузен и воодушеви (ВИДЕО)

Легендата на шпанскиот фудбал, Чаби Алонсо ја приреди најголемата сензација на сезоната 2023/24 освојувајќи го германското првенство без пораз со Баер Леверкузен, а до крајот на сезоната може да освои уште два трофеи со оглед на тоа што германскиот тим настапува во финалето на Лига Европа и во Купот на Германија.

Поранешниот ас на Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен во текот на целата сезона е топ тема на разговор во фудбалскиот свет, а сега одново стана хит на социјалните мрежи по последното објавено видео од тренингот на германскиот тим во пресрет денешното финале против Аталанта во Даблин.

На истото може да се види класата на Чаби кој изведувајќи слободен удар милиметри го делеа од перфектен погодок во аголот. Поради тоа фановите се пошегуваа дека прерано заминал во играчка пензија.

Се вчитува...