Далиќ го објави списокот на патници за ЕВРО – Може ли Хрватска да ја повтори сензацијата од Русија?

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, го објави списокот со 23 играчи кои се безбедни патници на ЕВРО, што ќе се игра ова лето. Златко Далиќ најави дека на овој список ќе бидат додадени уште три имиња.

Поканата беше дадена на следниве играчи:

ГОЛМАНИ: Ливаковиќ, Калиниќ, Слуга.

ОДБРАНА: Врсаjко, Јурановиќ, Ловрен, Вида, Калета-Кар, Уремовиќ, Баришиќ.

СРЕДЕН РЕД: Модриќ, Брозовиќ, Бадеj, Ковачиќ, Влашиќ, Пашалиќ.

НАПАД: Петковиќ, Крамариќ, Брекало, Перишиќ, Ребиќ, Оршиќ, Будимир.

Репрезентацијата на Хрватска ќе игра во групата Д на ЕВРО со репрезентациите на Чешка, Шкотска и Англија. Хрватска ќе го одигра својот прв натпревар на Европското првенство со Англија на Вембли на 13 јуни.

 

 

Се вчитува...