Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави конечниот список од фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојниот светски шампионат.
Лука Модриќ веќе почна со тренинзи со Милан и нема сомнеж дека ќе биде предводник на Хрватска на ова големо натпреварување, заедно со Перишиќ, Крамариќ, Ковачиќ и уште неколку поискусни фудбалери кои летово на најголемата сцена ќе се збогуваат од националниот тим.
Изненадување за хрватската фудбалска јавност е што на списокот не се најде место за Дритон Бељо, извонредниот голгетер на Динамо Загреб кој беше најзаслужен за двојната круна на „модрите“ на домашната сцена.

„Будно ја следев ситуацијата со Бељо. Тој се наоѓа во одлична форма, но конкуренцијата за напаѓачката позиција е огромна. Крамариќ и Будимир имаа загарантирани места, а во топ-форма се и Муса и Матановиќ, кои добија предност и повик за овој мундијал. Јас го повикав Бељо во репрезентацијата пред три години, му дадов шанса. Задоволен сум од тоа како се развива, тој не е дел од овој список само поради огромната конкуренција“, објасни хрватскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
