Далиќ го продолжи договорот со Хрватска: Иако постигнавме неверојатни успеси, се уште имам силна страст и мотив и за следни предизвици!

Златко Далиќ го продолжи договорот со Хрватскиот фудбалски сојуз останувајќи селектор до крајот на циклусот кој го вклучува Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Далиќ е селектор на Хрватска од 2017 година, и во неговиот мандат „коцкестите“ играа во завршницата на две светски првенства. Во Русија во финалето загубија од Франција, додека во Катар беа елиминирани во полуфиналето од Аргентина, и го освоија третото место.

„Златко Далиќ ги исполни сите цели кои беа пред него постави во овие пет и пол години , а притоа на светските првенства во Русија и во Катар ја предводеше Хрватска до сребрениот и до бронзениот медал, со што стана најуспешниот наш селектор во историјата. Затоа ми е задоволство што ја продолжуваме соработката“ – истакна претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.

Далиќ беше поврзуван со неколку клубови, меѓу кои и со Ајакс, како и со селекцијата на Бразил, а претходно одби и неколку понуди од Кина, Саудиска Арабија и Катар.

„Благодарам на претседателот Кустиќ и целиот ХНС на големата доверба, како и поддршката која ја имам во работата со репрезентацијата. Многу пати истакнував дека оваа работа е најголемата чест и задоволство кое може да се добијат. Без разлика на тоа што досега постигнавме неверојатни успеси, имам огромна страст и амбиција да продолжам со работата и сигурен сум дека пред нас се уште многу предизвици“ – истакна Далиќ по потпишувањето на договорот.

Се вчитува...