Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, е во фокусот на домашмната спортска јавност, откако успеа да ја одведе својата селекција на Светското првенство во Русија. Тој ја презеде репрезентацијата во деликатен момент, по смената на Чачиќ и победи веднаш во Украина во последниот меч од квалификациската група, избори бараж со Грција, а и во него доминантно славеше пласирајќи ја Хрватска на мундијалот.
„Ми падна товар од 10 тона што го носев на плеќите. Им честитам на фудбалерите, тие го остварија пласманот на СП, се бореа лавовски, и против Украина, а и сега на двата меча против Грција во баражот. Сега ми е и мене многу полесно, затоа што носев голема одговорност на моите плеќи. Можеби и не одигравме којзнае како на реваншот, но во вакви дуели е најважно да го контролирате резултатот. Ние имавме максимална контрола во сите 180 минути против Грците“, изјави Златко Далиќ, селекторот на хрватскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА