Далиќ: Одбив богати понуди од селекции и клубови, во Хрватска ми е најдобро

Хрватската репрезентација во петок игра квалификациски натпревар против Летонија за пласман на ЕП 2024 година. Хрватска има четири бода, откако триумфираше над Турција и одигра нерешено со Велс. Во меѓувреме селекцијата играше финале во Лигата на Нации, кое го загуби од Шпанија.

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ кажа дека одбил неколку богати понуди (се претпоставува од С.Арабија), само да остане на кормилото на „коцкастите“.

„После финалето на Лигата на Нации имав богати понуди од три клуба, и две репрезентации од Блискиот Исток, но тоа не ме интересира. Им реков дека сум полн со желба, волја и мотив за хрватската репрезентација. Работата која ја работам е најдобра. Можеби пропуштам некои работи, но тоа не ми е важно. Додека ја чувствувам оваа енергија, и додека имам резултати, јас сум тука“, рече Далиќ.

Се вчитува...