Златко Далиќ беше официјално претставен како нов селектор на Обединетите Арапски Емирати.
Далиќ со големи амбиции го најави своето враќање во ОАЕ. Тој веќе три години работеше во таа земја како тренер на Ал Аин, со кого постигна забележителни резултати, а сега сака да направи исчекор на репрезентативно ниво.
„Мило ми е што сум во ОАЕ, мојот втор дом. Се надевам дека повторно ќе постигнеме одлични резултати, овојпат со репрезентацијата. Ви благодарам за довербата, се чувствувам почестено. Бев во Ал Аин три години, завршив одлична работа со мојот тим, но тоа е минато. Фокусиран сум на иднината, ќе биде тешко, но мојата цел е да создадам силен и конкурентен тим. Не дојдов овде за да уживам во плажите, туку за напорна работа. Ни треба поддршка од целата нација и од сите медиуми; мораме да бидеме тим. Ако не е така, нема да постигнеме ништо. Исто беше и во Хрватска. Не дојдов овде поради пари, туку поради напорна работа. Парите беа последното нешто на што мислев. Најважно е што овде се чувствувам добро.“, изјави Далиќ.
Хрватскиот тренер ќе има годишна плата од пет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
