Далиќ: Се распаднавме, имаме проблем

Светскиот вицепрвак Хрватска доживеа катастрофа во Елче, губејќи од селекцијата на Шпанија со 6-0 во Лигата на нации. Тоа е огромен удар за „коцкестите“, го признава и селекторот Златко Далиќ.

„Се распаднавме, не бевме ниту сенка на тимот кој го почна натпреварот, а да не зборувам за игрите на Светското првенство. Немаше дуели, немаше агресија, тотален распад на системот. Имавме добри 20 минути на почетокот, но по повредата на Врсаљко се распаднавме. Мора да знаеме дека имаме проблем. Ова беше многу тешка вечер за нас, но мораме да излеземе посилни и од ова“, изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

Се вчитува...