Дамчевска одбра 22 младинки за квалификациите за СП 2018

Селекторката на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави поширокиот список од за квалификациите за СП (У20) што ќе се одигра летово во Унгарија. Во составот на младинската репрезентација повикани се 22 ракометарки. Меѓу нив најбројни – 13 репрезентативки доаѓаат од тимот на ЖРК Металург, пет репрезентативки доаѓаат од ЖРК Вардар, три од Куманово и една интернационалка од Косово.

Квалификациите за СП (У20) ќе се одиграат од 23 до 25 март на Исланд. Македонија е во групата со Германија, Литванија и домаќинот Исланд. Пласман на СП 2018 во Унгарија обебзедуваат првите две селекции во групата.

Се вчитува...