Дамчевски од пенал и ја „краде“ титулата на Тирана…, па навивачите влетаа на терен да го тепаат судијата (ВИДЕО)

Вистински хаос на натпреварот од претпоследното коло во шампионатот на Албанија во кој Тирана на домашен терен киксираше против претпоследниот на табелата Билиш ремизирајќи 2-2 што за Тирана најверојатно ќе значи збогување со титулата.

Сега, пред последното коло Партизани е на врвот и на последниот меч ќе треба со победа да ја потврди титулата.

На дуелот меѓу Тирана и Билиш беше досуден пенал за гостите во 87. минута кој успешно го реализираше поранешниот македонскиот репрезентативец Александар Дамчевски. Тоа беше за реми на натпреварот кое во голема мера значи и крај на можноста за титула на Тирана. Токму тој тој пенал предизвика инцидент по завршувањето на мечот.

По завршувањето на дуелот, сите од клупата на Тирана влегоа на терен во обид да го нападнат судијата, заедно и со десетици навивачи, кои сакаа да го линчуваат делителот на правдата сметајќи го за единствен виновник за ремито поради досудениот пенал. Хаосот на теренот го смири полицијата која го однесе судијата во соблекувалната.

Се вчитува...