Дамјан Стојановски останува во МЗТ Скопје

Капитенот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски останува во редовите на тимот од Аеродром, потврдија од клубот за ЕКИПА.МК.

Стојановски e првиот играч од тие кои што се уште го немаа продолжено договорот со македонскиот шампион. Во моментов како што ни откриваат од МЗТ Скопје се разговара и со Војдан и останатите кошаркари, а во моментов приоритет се домашните играчи.

„Капитенот е првиот играч од тие со истечени договори што останува. Се разговара и со Војдан и останатите, а во моментов приоритет се домашните играчи. Ќе се разговара и за странците и составување на ростерот за следната сезона. Паралелно со играчите се разговара и за зајакнување на буџетот за настап во регионалната АБА 1“, изјави Филип Ѓорески директор на клубот. 

Дамјан Стојановски во таборот на „сино-белите“ е од 2012 година и е дел од сите големи успеси на нашиот шампион.

Се вчитува...