Дамјан: Уште во февруари да ја довршиме работата

Македонската кошаркарска репрезентација со две победи ги стартуваше претквалификациите за ЕП 2021, откако на триумфот во Словачка се надоврза со убедлива победа на домашен терен против Швајцарија. „Црвено-жолтите“ по две кола се осамени на врвот на табелата, а за осигурување на првото место неопходна ќе биде победа на домашен терен на мечот што ќе се игра во Скопје на 25 февруари.

Секако дека сме задоволни, знаевме дека оваа репрезентација е поквалитетна од она што го покажа во претходните квалификации, но и дека тоа мораме да го потврдиме на терен. Го сторивме токму тоа, со одлично издание во Словачка, како и со беспрекорното второ полувреме против Швајцарија, во кои ги надминавме проблемите со кои се соочивме во првиот дел. Атмосферата повторно е позитивна, а желба на сите нас е веќе веќе во февруари да ја довршиме работата, со победа над Словачка и официјално да се пласираме во главните квалификации и воопшто да не зависиме од последното коло. Имаме квалитет за такво нешто, но мораме да одиграме на посакуваното ниво. Радува што македонската репрезентација почнува да чекори напред и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и во наредниот период“ – изјави Дамјан Стојановски.

Се вчитува...