Дамњановски: Доминиравме цел натпревар, сега одиме на двојна круна

Тренерот на Вардар, Срѓан Дамњановски вели дека неговите кошаркарки заслужија да бидат шампиони во Купот на Македонија, знаејќи дека комплетно доминираа над тимот на Бадел.

„Девојките одиграа многу искусно и паметно, не е мала работа да се победи Бадел со 20 поени предност, без разлика дали се работи за првенствен, куп, или пријателски натпревар. Може да се каже дека им наплативме за двата порази од шампионатот. Доминиравме во текот на целата средба, заслужено стигнавме до одбрана на трофејот. Искусните кошаркарки во нашите редови ја направија разликата на теренот“, вели Дамњановски.

За стратегот на „црвено-црните“ ова е прв сениорски трофеј, но посочи дека не сака да застане тука, со неговите избранички ќе атакува на двојна круна.

„Ова за мене е прв сениорски трофеј, па би сакал со овој тим да остварувам уште успеси. Со исто темпо ќе атакуваме и на титулата во првенството, да ги споиме двата пехари и да славиме двојна круна“, додаде Дамњановски.

Се вчитува...