Данев и Закариќ за премиерна победа на Вардар сезонава во ПМФЛ (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одбраната на титулата ја почна со победа од 2-0 над штипска Брегалница во премиерниот меч за двата тима во 35. сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.

Првата полушанса ја имаше Вардар во 5. минута кога по еден прекин и центаршут на Закариќ, Дурански биеше над голот на гостите непрецизно. Гостите за првпат се заканија исто така од прекин во 7. минута, но одбраната на „црвено-црните“ без проблеми интервенираше. Брегалница продолжи со навалата и во следните две минути имаше уште две полушанси, но ниту една не го загрози голот на младиот Диковски.

Втората шанса избраниците на Фабијани ја имаа во 12. минута, но Спахиу од непосредна близина малку доцнеше за да ја внесе топката во голот на штипјани. Вардар имаше контрола во следниот период, а подобрата игра ја материјализираше 20-годишниот Димитар Данев кој во 22. минута донесе водство од 1-0 за шампионот на Македонија. До крајот на првиот дел беше погодок постигна и Закариќ, но по прегледување на ВАР беше поништен поради играње со рака.

Во вториот дел сите дилеми околу победникот ги разреши Горан Закариќ со неговиот погодок во 81. минута за конечни 2-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...