Данев: Имаме сили против Црна Гора да продолжиме со победите во квалификациите

Македонската репрезентација до 21 година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните порази од Полска и Италија, Македонија во Битола, ја победи Ерменија со 2-1 и го освои првите бодови во овој квалификациски циклус.

Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, во кои ништо не е загубено има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат. Веќе првите следни на утрешното гостување против Црна Гора во мечот кој го играме од 18 часот.

Крилниот офанзивец Димитар Данев верува дека може да се продолжи со победите во квалификациите.

„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Нема потреба од еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел и да освоиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивни но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“ – вели еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Димитар Данев.

Се вчитува...