Дани Алвес ги поддржа свирежите на фановите: За Барса е недозволиво да прикаже толку лоша игра на „Камп Ноу“

Откако Барселона ја заврши сезоната со пораз на домашен терен од Вилјареал, се јави искусниот Дани Алвес, кој ги поддржа свирежите од трибините на „Камп Ноу“, без оглед на фактот што каталонскиот великан уште претходно го осигура второто место на табелата.

Сезоната без трофеј и недоволното залагање на фудбалерите на вчерашниот меч разбудија ново незадоволство кај фановите на Барселона, а на нивна страна застана и искусниот Дани Алвес кој вели дека традицијата на клубот не дозволува таков индолентен настап и влез во мечот без никакви амбиции (0-2)

„Фановите дојдоа да не поддржат и ние не одговоривме како што треба. Требаше да ја завршиме сезоната со победа и со мисла дека најдоброто допрва доаѓа. Единствено што беше во игра беше престижот на клубот, требаше да одиграме за фановите. Тие имаа повеќе за игра бидејќи се бореа за излез во Европа, но ние треба да размислиме и да се вратиме со друг менталитет. Овој клуб не смее да заврши сезона без амбиција. Мора да промениме две важи работи. Да го промениме духот кој вели дека влегуваме во меч како во војна и да се бориме до последно за овие бои. Мора да бидеме многу подобри, – изјави Бразилецот чиј договор истекува, а истиот се уште не е продолжен. Не знам дали ова беше мојот последен меч. Јас гледам позитивно на иднината, иднината е непозната за сите. Мојата желба ја знаат сите, ако се прашував јас, веќе се ќе беше решено. Сакам да бидам тука и да му помагам на клубот“, додаде Алвес.

Се вчитува...