Дани Алвеш: Големи ривали сме, но Бензема ја заслужи „Златната топка“

Карим Бензема ја игра најдобрата сезона во кариерата. Францускиот напаѓач веќе го одведе Реал Мадрид до титулата во Ла лига, а многу е блиску да го освои и трофејот во Лигата на шампионите, каде во финалето „кралевите“ ќе се сретнат со Ливерпул.

Голем дел од фудбалските работници ширум светот се согласни дека Французинот заслужува да ја освои „Златната топка“ за 2022 година, а меѓу нив е и големиот ривал од редовите на Барселона, Дани Алвеш.

„Доколку ја освои Лигата на шампионите, тогаш сигурно ќе ја освои и „Златната топка“, бидејќи тој трофеј има големо влијание. Но, мислам дека го заслужи тоа затоа што го одведе Реал во височини во кои не бил никогаш, кога е во прашање играта“, вели Алвеш.

Се вчитува...