Дани Алвеш ја бакна тревата на „Камп Ноу“: Тоа секогаш ми носи среќа

Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш се врати на „Камп Ноу“, но како член на Јувентус, со три гола предност во однос на Барселона по првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите. Тој при првото враќање на стадионот каде играше цели осум години и освои многу трофеи го бакна тревникот на „Камп Ноу“.

dani alves na kamp nou 2

„Тоа ми носи среќа, но и морам да покажам респект. Овде одиграв многу големи натпревари и освоив многу трофеи. Сега сум член на Јувентус и се надевам дека ние ќе се пласираме во полуфиналето од Лигата на шампионите“, истакна Дани Алвеш.

Се вчитува...