Дани Педроса се пензионира од Мото ГП

Трикратниот мото-шампион Дани Педроса обелодени дека ја завршува својата кариера во мото-спортот. Тој се реши на ваков чекор откако го загуби местото во тимот на Хонда, а по слабите резултати сезонава не успеа да се договори ниту за соработка со Јамаха.

„Сакам да ги известам сите за мојата одлука – на крајот од сезонава да се повлечам од Мото ГП шампионатот. Извесно време размислувам на оваа тема, сметам дека дојде вистинскиот момент да се каже збогум“ – изјави 32-годишниот Педроса.

Тој има зад своето име една титула во категоријата 125цц, два трофеи во 250цц, додека во Мото ГП шампионатот иако во неколку наврати беше близу (2007, 2010 и 2012 година), сепак не успеа да се закити со шампионскиот трофеј.

Се вчитува...