Даниел Мојсов: Радувај се граду мој…!

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов, сосема очекувано, не можеше да го сокрие воодушевувањето од освоениот пехар во Купот на Македонија, прв во историјата на Тиквеш.

Мојсов, без сомнение, е еден од најзаслужните за успесите на кавадарчани оваа сезона, максимално издвојувајќи дека сето ова е заслуга и на целиот град и сите поддржувачи на клубот.

„Благодарам на оваа прекрасна публика која дојде да не бодри и ни даде крилја да дојдеме до овој трофеј. Погледнете ја оваа бројност на арената која доволно кажува колку со емоции и силна желба го посакувавме и очекувавме овој пехар. Радувај се граду мој, го заслужи ова“ – истакна по мечот Мојсов притоа дополнувајќи:

„Максимално ги исполнивме сите задачи кои ни ги зададе мојот брат и шеф на стручен штаб Ѓорѓи Мојсов. Доминиравме низ целиот натпревар и го заслуживме овој историски трофеј. Можеше и многу порано поубедливо да го решиме мечот, но секако вака е најслатко“.

Се вчитува...