Даниел Мојсов стави крај на богатата фудбалска кариера!

Македонската фудбалска легенда Даниел Мојсов и официјално стави крај на својата долга и успешна играчка кариера. Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на домашниот фудбал заминува во пензија на 38-годишна возраст, заокружувајќи ја својата приказна таму каде што и ја започна, во матичниот ГФК Тиквеш.

Зад себе остава импресивна интернационална кариера. Низ годините со голем успех настапуваше за екипите на Вардар, Македонија ЃП, Војводина, Бран, Лирс, Адана, АЕК Ларнака и Брегалница Штип.

За македонската А-репрезентација Мојсов забележа 39 официјални настапи, а претходно беше незаменлив дел и од младинските национални селекции.

Се вчитува...