Димевски со „прашалник“ за карактерот на Борко: Дали знаете човек за кого тој има кажано добар збор?

Не се чекаше многу за одговор од Даниел Димевски по критиките што на денешната прес-конференција ги упати Борко Ристовски на адреса на првиот човек на МОК, по суспензијата што му беше изречена на долгогодишниот ракометен репрезентативец.

Ристовски денеска повторно испрати сериозни обвинувања кон Димевски, а од првиот човек на МОК попладнево стигна одговор – во вид на прашалник околу карактерот на Борко.

Дали знаете човек за кого Борко кажал добар збор“, Дали би се однесувал исто ако немаше политичка поддршка“… се дел од прашањата во документот објавен на официјалната фејсбук-страница на МОК, со назнака дека станува збор за личен став на претседателот Димевски.

Се вчитува...