Данил Медведев доживеа елиминација во Монте Карло

Најдобриот руски тенисер Данил Медведев го заврши својот настап на АТП мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, откако денеска во осминафиналето беше поразен од својот сонародник Карен Хачанов со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.

Во првиот сет и двајцата тенисери се мачеа да го одбранат својот сервис, па во сето тоа подобро се снајде Хачанов кој го доби со 6-3. Во вториот сет доволен беше само еден брејк при резултат 5-5 за конечна победа на Хачанов. Во четвртфиналето Хачанов за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Зверев и Циципас.

Во четвртфиналето пласман обезбеди и Австралиецот Алекс де Минор кој беше подобар од сонародникот Алексеј Попирин.

Се вчитува...