Рускиот тенисер Данил Медведев повторно бара нов тренер. Медведев ја прекина соработката со Швеѓанецот Томас Јохансон по раната елиминација на Вимблдон.
Двајцата соработуваа од септември 2025 година, кога Данил го отпушти Жил Сервара. На Вимблдон, Медведев беше елиминиран во третото коло од Јан-Ленард Штруф.
Данил има 30 години и е решен да го врати нивото на игра што му овозможи да настапи во шест финалиња на гранд-слем турнирите и да освои една титула. Тој моментално е деветти тенисер во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
