Каратистот на карате клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и младинци до 21 година кое се одржа во Ријека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1,390 пријавени спортисти.
Во финалната борба до 84 килограми во категоријата за младинци до 21 година, Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2.
До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ запиша победи против Космин Дуеску (Романија) од 4-0, Ѓорге Дурутовиќ (Црна Гора) со 1-0 и Георгиос Чацопулос (Грција) со 3-2.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

