Даноски со два гола го однесе Радник во четвртфиналето од Купот на Србија

Македонскиот интернационалец Зоран Даноски е најзаслужниот за пласманот на Радник во четвртфиналето од Купот на Србија.

Во осминафиналната пресметка, Радник со 1-2 славеше на гостувањето против Раднички Белград, а стрелец на двата погодоци за гостите беше македонскиот фудбалер.

Даноски најпрво погоди за 0-1 уште во 15. минута, а потоа со својот втор гол во 85. минута и ја донесе победата од 1-2, откако домашните претходно израмнија во 84. минута.

За Даноски ова е трет гол сезонава во дресот на Радник Сурдулица, откако еден има и во шампионатот на Србија.

Се вчитува...