Данска ја совлада Хрватска и се доближи до полуфиналето

Ракометарките на Данска ја совладаа Хрватска и си го отворија патот кон полуфиналето и добра позиција пред решавачкиот натпревар со Норвешка во последното коло.

Данска на крајот славеше триумф од 26-17, во меч во кој во целиот тек ниту еднаш не го испуштија водството. Хрватските ракометарки буквално во ниту еден момент немаа предност на натпреварот. Во еден миг Данска имаше предност и од 10 разлика, за на крај да триумфира девет.

Јоргенсен со пет гола кај победничкиот тим беше најефикасна, додека кај Хрватска Павловиќ постигна шест.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...