Данска потклекна во Грузија, победи за Швајцарија и Романија

Фудбалската репрезентација на Данска освои само бод на гостувањето кај Грузија играјќи без голови 0-0. Данците на овој натпревар беа големи фаворити, бидејќи пред само два месеци истиот противник го совладаа со огромни 5-1. Иако и поседот и играта беше на страна на Данците, сепак домаќините со пожртвувана игра успеаја да стигнат до бод.

Швајцарија рутински го доби аутсајдерот Гибралтар со 4-0. Швајцарците победникот го решија уште во првото полувреме со головите на Закарија во 37, Мехмеди во 43 и Родригез во судиското продолжение. Конечните 4-0 ги постави

Романија минимално славеше на домашен терен против Малта со 1-0. Голот за победа за Романците го постигна Пушкаш во 47. минута.

Се вчитува...